Австрија не можеше до изненадување и против Франција

111

Австрија не успеа да напраи уште едно изненадување на Европското првенство во Германија. Франција денеска најде „лек“ за одличните Австријци и со пресврт во вториот дел славеше со високи 33:28. Под водство на селекторот Пајовиќ и денеска во првиот дел покажаа дека ниту еден досегашен резултат на тимот не беше случаен. На одмор заминаа со предност од 16:15 и ги примораа „триколорите“ во вториоот дел со максимум од своите сили да направат пресврт за победа.

Франција подобро отвори во вториот дел, успеа брзо да прејде во водство и до крајот ја надградуваше предноста. Дика Мем и Лудовик Фабрегас постигнаа по 7 гола кај Французите, додека кај Австрија Хутецек и Билик завршија со по 6 гола.

ПретходноБрера ги закажа контролните дуели во Анталија, на стартот против украински Верес
СледноХрватскиот бек Јукиќ е ново засилување за Охрид