Беса го совлада Тетекс со пресврт во финишот

1041

Лидерот во македонската второлигашка конкуренција, Беса го совлада Тетекс со 4:2 во пријателски натпревар одигран во Тетово. Беса поведе со гол во 10 минута, но Тетекс до крајот на првото полувреме изедначи, а на почетокот на вториот дел и поведе со 2:1. Екипата на Беса направи пресврт во период од 82 до 90 минута кога постигна три гола и ја однесе победата.

Беса во среда оди за Аланија, Турција каде што ќе ја одработи втората фаза од подготовките и ќе одигра неколку пријателски средби со странски екипи.

 

ПретходноБразилски дефанзивец во редовите на Брера
СледноОбјавен разговорот на главниот судија со асистентите во ВАР собата