Синиша Михајловиќ во декември 2022 година не успеа да ја победи тешката болест и почина. Смртта на егендарниот фудбалер и тренер не само што ги шокира сите во светот на фудбалот, тоа беше и голем удар за неговите најблиски. Синиша едноставно на крајот по голема и тешка битка сепак не успеа да победи во таа за него најважна животна битка.
Дека последните денови биле пекол и за неговото семејство со свој коментар се произнесе и Аријана, вдовицата на Синиша:
“ За разлика од него, сите ние од семејството знаевме дека умира, дека неговите денови се избројани. Тој тоа не го знаеше и затоа ни беше многу тешко да се претвараме дека се е во ред пред него. Тоа беше голем шок за нас кога ни беше кажано дека Синиша ја губи битката со болеста, но ние одлучивме тоа да не му го кажеме“ рече покрај другото Ариана.