Домаќинот на ЕП, селекцијата на Германија, извојува исклучително важна победа во втората фаза на континенталниот собир и се најде на чекор до место во полуфиналето. „Панцирите“ денеска одиграа доминантно и ја совладаа Унгарија со 35:28 со што успеаја да се пробијат на второто место во групата зад Франција.
Кестер и Волф имаа уште едно блескаво издание со што само допринесоа денешниот дуел со Унгарија да биде претворен во триумф за место во борбата за медали.
Кестер со осум голови беше најефикасен, додека кај Унгарија, Анчин постигна шест гола.