Голгетерот на Ајакс го „откачи“ Тен Хаг: Останувам во Амстердам до лето

464

Напаѓачот на Ајакс, Брајан Броби, изјави дека ќе остане во клубот од Холандија и по завршувањето на зимскиот преоден рок. Неодамна Манчестер Јунајтед покажа сериозен интерес за стрелецот на гигантот од Амстердам, но тој ја негираше можноста да направи трансфер оваа зима.

„Не знам ништо за трансфер. Само што ги видов вестите. Останувам во Амстердам. Ќе видиме на лето“, беше коментарот на напаѓачот за англиските медиуми.

Тој потврдил дека немал никаков контакт со менаџерот на Јунајтед, Ерик Тен Хаг.

ПретходноГерманија ја прегази Унгарија и дојде на чекор до полуфинале
СледноМората за нова победа на Атлетико (М)