Реал Мадрид синоќа во еден контроверзен меч успеа да слави над Алмерија со 3:2. По тој меч поради судиските одлуки цела Шпанија е на нозе што се вели, сите се гневни, освен фановите на Реал, но имаше уште нешто супер интересно кога станува збор за овој дуел.
А тоа е однесувањето на младата турска ѕвезда Арда Ѓулер кој направи потег со кој се чини дека си ја запечати судбината на “Сантијаго Бернабеу“, посебно ако се знае дека Карло Анчелоти не трпи такви испади.
Имено Ѓулер речиси цело второ полувреме се загреваше и очекуваше да влезе во игра, но кога во таа 82.минута Дон Карло ја напрви петтата измена на Ѓулер му стана јасно дека нема ништо од тоа. Па така тој “збесна“, се упати кон клупата притоа го соблече маркерот и го фрли на земја. Дон Карло ова не го виде, беше свртен со грб, но подоцна сигурно му кажале за односот на Турчинот а и видел видео од моментот на социјалните мрежи.
Се разбира дека ова не му требаше на Турчинот.
Ancelotti şu çocuğu oynat artık! 2 maçtır ısındırıp geri oturtuyorsun göt herif! @realmadrid #RealMadridAlmeria #ardagüler pic.twitter.com/deRxUQcK7P
— nunchaku balım (@chuunnLi) January 21, 2024