Љупче Дориев, повремениот репрезентативец на Македонија, и на подготовките во Анталија каде што е со својата Согдиана (Узбекистан) и тоа како тресе мрежи. Па така на контролата со Малишева (Косово), Дориев постигна прекрасен гол од далечина, вреди да се погледне.
Инаку Дориев во нападот на тимот од Узбекистан е од јули минатата година и со своите настапи и голови се наметнува како еден од клучните играчи на овој тим.