Дарко Чурлинов, барем според германски “Кикер“ и дефинитивно се врати во Шалке. Имено има договор меѓу Барнли и германскиот второлигаш за позајмица до јуни со можност за откуп на договорот. Тимот од Премиерлигата не прави никакви проблеми, а како што се наведува македонскиот репрезентативец денеска е на прегледи во Гелзенркирхен.
Секако дека по неуспешната епизода во Англија, и тоа поради болеста од која нашиот репрезентативец беше долго одвоен од зелените терени, Дарко смета дека најдобро ќе му биде во тимот каде што всушност и беше најдобар, во Шалке.
Инаку ако сака Шалке да го откупи во јуни, тогаш ќе мора да му плати на Барнли сума од 2,5 милиони евра.