Моис Кин сака да игра за Атлетико Мадрид

89

Напаѓачот на Јувентус, Моис Кин ќе ја менува средината. Италијанскиот репрезентативец не е задоволен од минутажата во Јувентус сезонава, па сака да оди во друг клуб. Италијанските медиуми пишуваат дека покрај понуди од Фиорентина, Монца, Рен, Ница тој прифатил да оди на позајмица во Атлетико Мадрид до крајот на сезоната.

Неофицијално, „Јорганџиите“ за позајмицата ќе платат 400.000 евра плус бонуси.

Инаку Кин е дете на Јувентус, а во 2016 година дебитирал за сениорскиот тим. Во сезоната 2017/18 играше на позајмица во Верона.

Во 2019 година направи трансфер во Евертон, а додека беше таму играше како позајмен во ПСЖ и во Јувентус. Во март 2023 година се врати во Јувентус со постојан договор.

 

ПретходноПочина Џиџи Рива, најдобриот стрелец во историјата на „Аѕурите“
СледноИнтер по осмипат е освојувач на Суперкупот на Италија (ВИДЕО)