Македонскиот олимписки комитет денеска со соопштение информираше дека на 8 февруари е закажано редовно изборно собрание.
Од МОК информираа дека до денеска се пристигнати 5 (пет) барања за Вонредно Собрание и врз основа на тоа Претседателот свикува Редовно Изборно Собрание кое ќе се одржи на 8 февруари 2024 година (четврток), со почеток во 18:00 часот, во спортскиот центар “Јане Сандански“.
Во прилог до членовите на Собранието е испратен и работен како и Записникот од последното редовно Собрание, Дневниот ред и Критериуми за избор на Претседател.