Атлетико Мадрид дојде до минимална победа над екипата на Гранада во последниот меч од тековното коло во Ла Лига. „Јорганциите“ беа подобар тим од домашните и заслужија можеби и поубедлив триумф од 0:1, но неколку подоци на гостите беа поништени од ВАР.
Моментот на одлука беше во 55. минута кога Мората по асистенција на Гризман успеа да го совлада домашниот голман и да ги доведе гостите до предност.
Во завршницата на мечот домашните добија и црвен картон со што со десетмина во поле го завршија дуелот. Атлетико со оваа победа останува на 4. место на табелата во Ла Лига со 41 бод.