Данска маршира кон титулата на ЕУРО 2024. Синоќа со половина сила ја победи Норвешка и избори пласман во полуфиналето. Сепак се чини дека не е се идеално во таа селекција, посебно не во соблекувалната.
По мечот со Норвешка легендарниот Ханс Линдберг, кој против Норвежаните постигна 5 гола, сите од седум метри, “удри“ против селекторот Николај Јакобсен. Посебно се жалеше на тоа дека има мала минутажа, но имаше што да каже и во поглед на тактиката:
“Моментално играме така, сметам дека е штета поради тоа. Мислам дека кога сум јас во терен е позабавно. Ова е ракомет а не трчање. Ако сакав толку да трчам ќе тренирав атлетика“ посочи Линдберг.