Салах се враќа во Ливерпул за да ја лекува повредата

143

Мохамед Салах ќе се врати во Ливерпул за да се опоравува од повредата. Веста ја потврди денеска Египетскиот фудбалски сојуз (ЕФА) кој му дал зелено светло на најдобриот свој фудбалер по денешниот меч против Зеленортските Острови да замине назад во Англија.

Салах се повреди на натпреварот против Гана (2:2). Во исто време, од египетскиот тим се уште се надеваат дека Салах ќе може да настапи на турнирот.

„Се надеваме дека ќе може да игра доколку стигнеме до полуфиналето на Купот на африканските нации“, се вели во соопштението на федерацијата.

ПретходноШампионот утре со прв тест: Дуро ќе прави прва контрола со руски Оренбург
СледноПочина Џиџи Рива, најдобриот стрелец во историјата на „Аѕурите“