Сити ја одреди цената за Де Брујне!

5185

По неколку месечна пауза поради повреда, Кевин Де Брујне се врати на терените и веднаш покажа што значи за Манчестер Сити. Тој е “клучот“ во играта на тимот на Пеп Гвардиола, со него се е полесно кај “граѓаните“.

Сепак Де Брујне и Сити немат сеуште договор за продолжување на соработката. Репрезентативецот на Белгија и еден од најплатените играчи во Премиерлигата има договор до јуни 2025, а уште сега клубовите од С. Арабија му нудат тешки милиони да се пресели во таа земја.

Од друга страна Пеп Гвардиола инсистира Де Брујне да остане барем до јуни 2026. Токму поради тоа раководството на европскиот шампион, барем според медиумите на Островот ја одредил цената по која Де Брујне може ова лето да биде слободен.

А таа е 100 милиони евра. Газдите на овој клуб сметаат дека ако веќе нема договор подобро е да го продадат својот најдобар играч сега или на лето и добро да заработат отколку тој во наредната година да си замине како слободен играч.

ПретходноАО: Алкараз, Зверев, Медведев… со пласман во четвртфинале
СледноХристијан Бузалковски испиша историја за македонскиот мотоспорт, освои бронзен медал на европскиот шампионат во брзински мотоциклизам