Хрватскиот бек Јукиќ е ново засилување за Охрид

179

Хрватскиот интернационалец Никола Јукиќ е ново засилување на ракометниот клуб Охрид. 30-годишниот ракметар кој игра на позицијата десен бек во Охрид доаѓа со богата интернационална кариера. 195 сантиметри високиот бек има настапувано за екипите на Каштела (Хрватска), за германски Минден, за неколку екипи во Франција и Грција и Саудиска Арабија.

Покрај настапите во јуниорскиот и кадетскиот состав, Јукиќ има и три настапи за сениорската репрезентација на Хрватска.

„Мило ми е што доаѓам во Охрид, клуб кој расте и кој во Македонија има големи амбиции. Македонија е ракометна земја, а многу убави работи слушнав за ГРК Охрид и градот уште кога настапував во Бундеслигата и верувам дека мојот престој тука ќе биде успешен. Фокусиран сум на целите на клубот и верувам дека на крај сите ќе имаме причини за задоволство. Слушнав многу добри работи и за тренерот Аушовски, кој е легенда на македонскиот ракомет, така што сигурен сум дека соработката ќе биде вистинска“, изјавил Јукиќ.

Тој во Охрид ќе остане една и пол година и веќе ќе и се придружи на екипата која е на подготовки во Србија.

ПретходноАвстрија не можеше до изненадување и против Франција
СледноТренерска смена во Ла Лига, Кадиз му врачи отказ на тренерот