Барселона синоќа со 2:4 славеше на гости кај Бетис. Одлична партија пружи Феран Торес кој со хет – трик му донесе триумф на својот тим.
Сепак по мечот на прес конференцијата главна тема беше судењето во Мадрид каде Реал со голема помош од ВАР дојде до победата над Алмерија.
Свое видување за тоа даде и стратегот на Барса:
„Ме прашувате за судењето во Мадрид? А, што да кажам? Па цел свет виде што се случи во Мадрид. Ако кажам што мислам тогаш ќе ме казнат. Има некои работи кои не ги разбирам, има некои работи кои тешко може да се контролираат“ посочи Чави.