Овој Никола Јокиќ како да е од некоја друга планета. Иако одигра речиси со „половина сила“ повторно беше фантастичен и тоа на гостувањето кај Вашингтон и учествуваше во победата на својот Денвер со 113:104. Србинот постигна 42 поени и тоа е рекорд на сезоната за него, 12 скокови, 8 асистенции, три блокади и две освоени топки без да загуби ниту една топка. А во последната четвртина речиси и да не играше.
ANOTHER NO LOOK PASS. HOW DOES HE DO IT??? pic.twitter.com/Q9peRcsFqW
— Denver Nuggets (@nuggets) January 22, 2024
Се пресметало дека во неговата кариера дури во 60 наврати му недостогале само еден или два поени, скокови или асистеции за да има трипл-дабл. Ете утринава му недостигаа две асистенции, можеше да ги има, но и ова беше доволно за да ги фрли во транс навивачите на Вашингтон кои на гостинскиот кошаркар му скандираа – МВП, МВП…
Секако дека ова е големо достигнување кога противнички фанови сметаат кој е нај, нај во НБА.
“Повторно беше феноменален“ покрај другото искоментира неговиот тренер Мајкл Мелоун.
На останатите мечеви се постигнаа следните резултати:
ЛА Клиперс – Бруклин 125:114, Орландо – Мајами 105:87, Хјустон – Бостон 107:116, Феникс – Индијана 117:110, ЛА Лејкерс – Портланд 134: 110.