Јуниорите во февруари ќе ги дознаат новите ривали во квалификациите за ЕП 2024

129

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија за играчи до 18 години го мина првиот филтер од квалификациите за ЕП 2024. На турнирот од зонските квалификации во Струмица, избраниците на селекторот Ванчо Санев со една извојувана победа го освоија четвртото место и се најдоа во групата селекции кои влегуваат во вториот квалификациски филтер кој следува во април.

Според пропозициите на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ), вториот квалификациски циклус во кој ќе се вклучат и репрезентациите од останатите зонски турнири ќе се одржи во периодот од 4 до 7 април. Во февруари е закажана ждрепката за групите.

Според планот, вкупно 20 репрезентации влегуваат во вториот квалификациски филтер кои ќе бидат поделени во пет групи од по 4 селекции. Од секоја група, најдобрата репрезентација ќе има директен пласман на ЕП, а место на ЕП ќе резервираат уште четири најдобро второпласирани репрезентации од секоја од групите.

Од балканските квалификации, покрај Македонија пласман во овој втор циклус обезбедија и Грција, Турција и Косово. Останува да се комплетираат селекциите од останатите зони, по што ќе бидат одредени и шеширите пред ждрепката во февруари.

ПретходноМОК закажа изборно собрание, ќе има нов претседател?
СледноБрера ги закажа контролните дуели во Анталија, на стартот против украински Верес