Утринава се одиграа четири осминафинални меча од Австралија Опен во Мелбурн, и немаше никакво изненадување, фаворитите одат понатаму.
Најпрво Данил Медведев со 3:1 го победи Португалецот Нуно Борхес а во гемови со 6:3, 7:4 во тајбрејк, 5:7 и 6:1.
Потоа Хуберт Хуркач со 3:0 просто го “збриша“ Казо од Франција.
Најголеми проблеми имаше Зверев кој со 3:2 во сетови успеа да дојде до победата и тоа над Нори од В. Британија.
Додека Карлос Алкараз едноставно покажа сила против Србинот Кецмановиќ и со 6:4, 6:4 и 6:0 се пласира во следната рунда.