Димитријевиќ очекувано на Ол-стар натпреварот на ВБТ лигата

92

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ, очекувано, се најде на списокот на играчи кои ќе учествуваат на Ол-стар натпреварот на ВТБ лигата. Сите медиуми, учесници без исклучок го дадоа својот глас за 25-годишниот кошаркар од Македонија. Па така нашиот кошаркар ќе го гледаме на мечот на ѕвездите на ВБТ лигата кој ќе се одржи на „ВТБ арената“ во Москва на 18 февруари 2024 година.
Велиме дека ова е очекувано со оглед на тоа дека Димитријевиќ речиси на секој натпревар на Уникс Казан е, или најдобар или најефикасен.

Да потсетиме дека македонскиот тренер на ЦСКА Москва, Емил Рајковиќ ќе биде предводник на еден од двата тима кои ќе играат меѓу себе на споменатиот меч.

ПретходноХристијан Бузалковски испиша историја за македонскиот мотоспорт, освои бронзен медал на европскиот шампионат во брзински мотоциклизам
СледноПознати се сите 1/4 финални двојки на АО: Новак против Фриц, Алкараз со Зверев…