Објавен разговорот на главниот судија со асистентите во ВАР собата

1981

Судиската комисија во Шпанија ја објави снимката од дискусијата меѓу главниот судија и неговиот ВАР колега од минатосезонскиот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Алмерија во Примера. „Кралевите“ победија со 3:2 откако направија пресврт од 0:2.

Сепак, натпреварот ги разбранува духовите поради трите контроверзни пресуди на судијата по сигнал од ВАР. Во сите три случаи, судијата Франциско Хозе Хернандез Маесо првично пресуди во корист на Алмерија, но потоа ги додели во корист на Реал откако ги виде повторувањата на мониторот и откако се консултираше со своите колеги во шеснаесетникот.

При 2:0 за гостите, Маесо досуди пенал, од кој Џуд Белингам го намали резултатот. Тогаш судијата поништи гол на Алмерија за 3:1, а набргу потоа призна гол на Вини Јуниор за 2:2, иако првично не го признаваше.

Пеналот за Реал Мадрид

Ернандез (ВАР) до Маесо: Фран, ти предлагам да ја разгледаш ситуацијата за можно играње со рака на дефанзивец на Алмерија. Ви прикажувам реприза од надземна камера за да можете да видите се во позадина на останатите играчи и дуелите меѓу нив. Ти одлучи.

Маесо: Совршено… Ќе досудам пенал без да покажам картон.

Поништен гол на Алмерија

Ернандез (ВАР): Фран, дојди види ја оваа ситуација. Ти предлагам да ја прегледате ситуацијата за можен прекршок во нападот за погодокот.

Маесо: Да, тоа е навистина дел од нападот. Затоа ќе досудам прекршок во корист на Реал Мадрид, ќе го понижам голот и ќе му покажам жолт картон на играчот на Алмерија.

При голот на Винисиус Жуниор за 2:2

Хернандез (ВАР): Ти предлагам да ја преиспиташ ситуацијата за да видиш дека евентуално нема рака. Дајте ми ја вистинската гледна точка и застанете во моментот на ударот (цитат за ВАР асистентите – н.б.)

Тука Маесо прашува каде точно топката удира во телото на Винисиус, на што ВАР му одговара вака: „Го удира по рамо. Самиот пресуди дали има прекршување на правилата во напад“.

Маесо: Се согласувам со тебе дека топката удира во рамо. Покажи ми ја снимката одблизу и стопирај ја. Совршно, тој (Винисиус – б.р.) ја удира топката со рамо и ова е гол. Ќе го признаам голот, нема прекршување на правилата“.

ПретходноБеса го совлада Тетекс со пресврт во финишот
СледноЧави за грешките на судиите: Барселона би имала 6 бода повеќе во Ла Лига