Чави: Цел свет виде што се случи во Мадрид!

1925

Барселона синоќа со 2:4 славеше на гости кај Бетис. Одлична партија пружи Феран Торес кој со хет – трик му донесе триумф на својот тим.

Сепак по мечот на прес конференцијата главна тема беше судењето во Мадрид каде Реал со голема помош од ВАР дојде до победата над Алмерија.

Свое видување за тоа даде и стратегот на Барса:

Ме прашувате за судењето во Мадрид? А, што да кажам? Па цел свет виде што се случи во Мадрид. Ако кажам што мислам тогаш ќе ме казнат. Има некои работи кои не ги разбирам, има некои работи кои тешко може да се контролираат“ посочи Чави.

ПретходноНа Џирона не и треба помош од ВАР за да победува и да биде лидер во Ла Лига!
СледноЈокиќ повторно фантастичен! И противничките фанови му скандираа – МВП, МВП…! (ВИДЕО)