0
Она што се насетуваше и се оствари. Во неважен меч, и за двете селекции, Норвешка со убедливи 33:23 успеа да слави во скандинавското дерби против Шведска. Велиме неважен зошто се знаеше дека Швеѓаните веќе се втори и се со мислите кон полуфиналниот дуел со Франција. Швеѓаните одиграа речиси ревијално.
Од друга страна страна Норвежаните со оглед на тоа дека имаа лоп настап на ЕУРО 2024 одиграа за себе и успеаја високо да слават на оваа средба.
Најефикасен во победничкиот тим беше Бјорнсен со 5 голови, додека кај Швеѓаните со 4 гол мечот го заврши Сандел.