Динамо Загреб – Локомотива 0:3. Не, не е грешка, ова е тој сензационален резултат во првиот меч од пролетната полусезона во ХНЛ и тоа среде Загреб.
Кој ли само можеше да претпостави дека една Локомотива, за која во второто полувреме играше и Фетаи Фета,и тоа со трите гола на Чоп, ќе може така да го понижи актуелниот првак на Хрватска.
Ова е невиден шок и за Стефан Ристовски и Аријан Адеми, и двајцата беа стартери а Адеми на 0:2 со шут со глава ја погоди пречката на гостите.
По мечот фановите на Динамо со грути снег удрија по тренерот Сергеј Јакировиќ и бараа од него да си оди.