Екипата на ЖРК Ѓроче Петров денеска (11 часот) ќе го дознае противникот во четвртфиналето на ЕХФ Европскиот Куп. „Лавиците“ во Чешка успеаја да ја одбранат позитивата против Кинжварт и немаат намера да застанат.
Осумте најдобрите тимови ќе бидат сместени во еден сад, а онаа екипа која ќе биде прва извлечена ќе биде домаќин. Веднаш по завршување на четвртфиналната ждрепка ќе се одржи и извлекувањето на полуфиналните двојки, па ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров ќе го знаат целиот пат до финалето.
Осумте екипи кои се квалификуваа за 1/4 финалето се следниве:
Ѓ. Петров – Македонија
Јаликавак – Турција
Гранољерс – Шпанија
Елче – Шпанија
Гран Канарија – Шпанија
Бенфика – Португалија
Венло – Холандија
Михаловце – Словачка
Ждрепката можете да ја гледате на следниот линк.