Новак Ѓоковиќ игра против Американецот Тејлор Фриц за влез во полуфиналето на Австралија Опен. Српскиот тенисер на почетокот на мечот беше расположен, а по еден момент го здогледа и Ник Кирјиос, кој работи како стручен коментатор на турнирот во Мелбурн. Кирјиос е веднаш е блиску до основната линија.
Ѓоковиќ го виде, а потоа му го исплази јазикот. Тоа му донесе аплауз од толпата во Мелбурн, а Кирјиос се насмеа. Ѓоковиќ и Кирјиос порано јавно се караа, но во последно време се во добри односи. Ѓоковиќ е првиот фаворит за освојување на првиот Грен слем во сезоната. Првиот сет и третиот му припаднаа на Ѓоковиќ, а вториот на Фриц.
View this post on Instagram