Американците не се шегуваат: Леброн, Дурент, Кари, Ембид, Џорџ, Батлер, Ирвинг…на поширокиот список за ОИ во Париз! (ФОТО)

1381

Нема што. Селекцијата на САД и тоа како има намера да го освои златниот медал на ОИ во Париз ова лето. Вечерва беше објавен поширокиот список на кошаркари, а списокот е да се “смрзнеш“.

Покрај другите тука се Леброн Џејмс, Кевин Дурент, Стеф Кари, Пол Џорџ, Џоел Ембид, Девин Букер, Џими Батлер, Ентони Дејвис, Џејмс Харден, Кајри Ирвинг, Каваи Ленард, Демиан Лилард, Крис Пол, Џејсон Тејтум се дел од мега – ѕвездите.

Image

Јасно е дека САД во Париз ќе се појават со најсилниот можен состав.

Овој список гарантира дека ривалите ги чека пекол и дека ќе се игра само за среброто, златниот медал ќе биде резервиран за Леброн и дружината.

Ова е вистински “дрим – тим“.

ПретходноЧелзи со “шестка“ го поздрави Мидлсборо и се пласира во финалето на Лига Купот! (ВИДЕО)
СледноЈокиќ со луда тројка и трипл-дабл ја реши Индијана (ВИДЕО)