Го најде рецептот за Фриц: Новак Ѓоковиќ во ново полуфинале на Австралијан Опен!

1840

Тешка битка се водеше во Мелбурн за место во полуфиналето на Австралијан Опен. Победник излезе Новак Ѓоковиќ, кој го совлада Тејлор Фриц со 3-1 (7:6(3), 4:6, 6:2, 6:3) и се најде на чекор до финалната битка.

Ноле загуби еден сет, но овој дуел се играше цели три часа и 48 минути.

Новак знаеше дека пред себе го има најпредизвикувачкиот противник досега и дека ќе мора да биде сконцентриран во текот на целиот меч за д го совлада американскиот тенисер по деветти пат по ред.

Следен противник на Новак Ѓоковиќ ќе биде подобриот од мечот Јаник Синер – Андреј Рубљов.

Првиот сет му припадна на Новак, кој го доби со 7-6, по тај-брејк (7-3). Тука српскиот тенисер ја покажа својата надмоќност, поведе со 4-0, а потоа лесно го реши Американецот. Овој сет се играше речиси час и половина.

Сепак на другата страна Фриц се врати во дуелот, зема сет на сервис на Ѓоковиќ, поведе со 1-3, 2-4 и 3-5, на крајот овој сет го заврши со 4-6 и изедначи на 1-1. Ова беше најава за нови возбудувања во продолжение. Ѓоковќ врати на многу помоќен начин. Поведе со 4-1, па лесно дојде до конечно 6-2 за водство од 2-1, кое го донесе на чекор до триумфот.

Во четвртиот сет гледавме изедначена битка, Американецот не се предаваше. Клучниот момент се случи во шестиот гејм, кога Новак успеа да му земе поен на Фриц на негов сервис, поведе со 4-2. Од овој момент чекореше цврсто кон победата.

ПретходноШалке за Чурлинов: Погледнете кој се врати (ВИДЕО)
СледноЛука Дончиќ со „сочна“ пцовка откако даде тројка (ВИДЕО)