Зоран Ивановски е ново име во редовите на Детонит, тим кој во пролетниот дел ќе атакува на пласман во ПМФЛ ако се знае дека имаше одлична есенска полусезона и на крајот заврши како втор на табелата во ВМФЛ.
Ивановски дојде од Беласица, игра на позицијата офанзивно крило, а е производ на Брера Струмица.
Некогаш беше член на сите младински селекции на Македонија.