Каков шок за Ристовски и Адеми: Локомотива го декласира Динамо среде “Максимир“!

660

Динамо Загреб – Локомотива 0:3. Не, не е грешка, ова е тој сензационален резултат во првиот меч од пролетната полусезона во ХНЛ и тоа среде Загреб.

Кој ли само можеше да претпостави дека една Локомотива, за која во второто полувреме играше и Фетаи Фета,и тоа со трите гола на Чоп, ќе може така да го понижи актуелниот првак на Хрватска.

Ова е невиден шок и за Стефан Ристовски и Аријан Адеми, и двајцата беа стартери а Адеми на 0:2 со шут со глава ја погоди пречката на гостите.

По мечот фановите на Динамо со грути снег удрија по тренерот Сергеј Јакировиќ и бараа од него да си оди.

ПретходноФудбалер на Манчестер Јунајтед стана свештеник затоа што се „изморил“ од фудбалскиот живот
СледноДанците се “чуваа“, Словенија победи и ќе игра за 5.место на ЕУРО 2024!