Нема ништо од враќањето на поранешниот капитен на Чаир. Шкупи нема да смета на услугите на голманот Кристијан Наумовски, иако неговио трансфер беше најавен пред неколку дена.
Искусниот чувар на мтрежата одржа и еден тренинг со екипата на Шкупи, но потоа дојдоа вестите од Брунеи кои велат дека голманот не може да го раскине договорот со екипата од оваа земја која се натпреварува во шампионатот на Сингапур.
Тоа значи дека Наумовски и во следната сезона ќе биде член на екипата на ДПММ од Брунеи, каде има одличен договор од финансиска гледна точка. Нашиот голман лани настапи на само 6 средби за оваа екипа.
Според тоа Шкупи пролетва со тројца голмани ќе оди во лов на пехарот, а тренерот Младен Жижовиќ на располагање ги има Артан Иљази и резервните чувари на голот како Андреја Ефремов и Давид Денковски.