Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен, откако го совлада Американецот, Тејлор Фриц со 3-1. Добро е познато дека главен коментатор за „Еуроспорт“ во Меблурн е Ник Кирјос. Двајцата некогашен беа големи непријатели, но нивниот однос е дефинитивно променет.
Кирјос имаше интересно прашање за Новак.
„Никогаш повеќе нема да го направам ова, па морам да те прашам, кажи ми каде да одам да го видам тоа твое дрво“, рече Кирјос, мислејќи на дрвото за кое Новак постојано зборуваше како извор на енергија пред натпреварите во Мелбурн.
Новак на сето ова имаше оригинален одговор.
„Ќе ти го покажам дрвото, но тоа е тајна. Мора да ги соблечеш патиките, да се качиш високо на дрвото и да висиш наопаку 33 минути и три секунди и ќе победиш на Грен слем“, рече Ѓоковиќ и ги насмеа сите присутни.
“We miss Nick! Show him some love!” 💙
Novak Djokovic was interviewed on-court by his good friend Nick Kyrgios after reaching the Australian Open semi-finals 🤝🎤#AusOpen pic.twitter.com/oqZNez39ji
— Eurosport (@eurosport) January 23, 2024