Лука Дончиќ со „сочна“ пцовка откако даде тројка (ВИДЕО)

321

Далас и Бостон одиграа одличен натпревар, а на крајот Селтикси успеаја да дојдат до заслужена победа 110-119 бидејќи во поголемиот дел од натпреварот имаа предност.

Гостите до победата ги предводеа одличниот Тејтум со 39 поени, 11 скока и пет асистенции и Браун, кој постигна 34 поени и додаде четири асистенции и три скока.

Од друга страна, уште една импресивна партија одигра Лука Дончиќ, кој забележа трипл-дабл учинок, иако шутот не му послужи како што очекуваше. Словенецот имаше осум обиди за тројки, а реализираше само две тројки. Но, и покрај тоа,  постигна 33 поени, а додаде и 18 скока и 13 асистенции, што е навистина неверојатно.

Колку беше изнервиран Дончиќ што шутот за три поени не му послужи како вообичаено, се виде во самиот финиш на натпреварот кога се обиде да израмни на мечот.

Дончиќ до крајот успеа да погоди тројка и да ја намали негативата на Далас на седум поени, а колку таа тројка му значеше на Словенецот се виде кога камерата го прикажа во снимка одблизу, тој опцу сочно.

„Да ти *б*м мајка во п**ка“, беа зборовите на Дончиќ.

 

ПретходноГо најде рецептот за Фриц: Новак Ѓоковиќ во ново полуфинале на Австралијан Опен!
СледноШпански предизвик за „лавиците“ од Ѓорче Петров во 1/4 финалето