НБА: Томпсон суспендиран на 25 натпревари, Милвоки го отпушти тренерот!

1790

Нов скандал ја тресе НБА. Имено центарот на Кливленд, Тристан Томпсон падна на допинг тест и затоа е суспендиран на 25 натпревари. Тој бил позитивен на неколку забранети супстанци.

Инаку тој е познат и по тоа што беше во врска со Клои Кардашијан и по неговиот бурен приватен живот.

Доцна попладнево или вечерва доаѓа веста дека Милвоки Бакс се решил да му врачи отказ на тренерот Адријан Грифин. Шокантно е тоа дека Бакси со Грифин имаа одлични резултати оваа сезона, 30-13 во победи и порази.

За В.Д тренер назначен е Џо Пранти, а се наведува дека Док Риверс би можел да го преземе тимот на Милвоки.

ПретходноСпектакл во чест на Дражен: Обрадовиќ ќе ја води селекцијата на Европа против Хрватска!
СледноЕУРО 2024: Норвешка со убедлив триумф, Швеѓаните со мислите кон Франција!