Баер Леверкузен има историска шанса да ја освои Бундеслигата, а Чаби Алонсо верува дека на тој начин може да му помогне и Борха Иглесијас.
Шпанецот дочека дури во 2022 година за да дебитира за репрезентацијата, со добрите настапи во дресот на Бетис доби повик од Луис Де Ла Фуенте. Иглесијас има 31 година, најважниот дел од неговата кариера го минa во Бетис, каде пристигна летото 2019 година од Еспањол за 28 милиони евра.
Во Еспањол одигра само една сезона, а претходно настапуваше за Селта и Сарагоса.
Иглесијас одигра 180 натпревари за сите тимови во Ла Лига, постигна 56 гола со 10 асистенции, а Чаби Алонсо верува дека може да биде добра алтернатива за Бонифасис.
Да потсетиме, Леверкузен има седум бода повеќе од Баерн Минхен кој има натпревар помалку, а Баер е во игра и за трофеи во Купот на Германија и Лига Европа.
Затоа, јасно е дека Чаби Алонсо сака повеќе играчи во ротацијата, за што му е потребен и Борха Иглесијас.