Нема да има спектакл во Кина на 1 февруари како што се најавуваше и како што фудбалскиот свет очекуваше. Нема да има пријателски натпревар меѓу Ал Наср и Интер Мајами и тоа поради повредата на Кристијано Роналдо. По ова самиот натпревар е откажан.
Ова требаше да биде последен нивни меѓусебен дуел, ако се знае дека и двајцата веќе две децении беа најдобрите во светот.
И двајцата имаа свои многубројни фанови според нив Меси или Роналдо се нај, нај.
Којзнае кога ваква прилика ќе дочекаме и дали ќе дочекаме, да го видиме еден против друг Меси и Роналдо, како што некогаш ги гледавме кога двајцата играа во Европа, посебно кога ги носеа дресовите на Барса и Реал.