Прволигашот Силекс го совлада второлигашот Арсими со 4:1 во пријателски меч одигран во Охрид. Ова е втор меч за Силекс под раководство на Александар Васоски и прва победа. Кратовци поведе со голот на Петров, противникот израмни, за потоа со два гола на Марко Ѓорѓиевски и еден на Каланоски, поранешниот шампион на Македонија да заокружи висока победа од 4:1.