Спектакл во чест на Дражен: Обрадовиќ ќе ја води селекцијата на Европа против Хрватска!

1002

Легендарниот Александар Петровиќ, некогашен член на Цибона во најславните денови од тој клуб и некогашен репрезентативец на екс – СФРЈ, откри една ексклузивна вест.

Имено на 5 септември оваа година во чест на големиот Дражен Петровиќ, негов помал брат кој трагично загина во таа 1993 година, во Загреб ќе се одигра меч меѓу селекцијата на Хрватска и Европа.

Деновиве ќе бидат познати сите детали, но јасно е дека селектор на таа репрезентација на Европа ќе биде никој друг туку најголемиот и најтрофеен кошаркарски тренер Жељко Обрадовиќ. Тој без проблем прифати да биде фронтмен на таа селекција“ изјави Петровиќ.

ПретходноАКН: Камерун на магичен начин се спаси од срамна елиминација! (ВИДЕО)
СледноНБА: Томпсон суспендиран на 25 натпревари, Милвоки го отпушти тренерот!