Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Фил Мелрајн ја „трампал“ кариерата во фудбалот за да стане католички свештеник. Милрајн е роден во Белфаст, одиграл еден меч за Јунајтед на почетокот на кариерата во 1997 година, а потоа шест сезони го носеше дресот на Норвиќ, па уште две за Кардиф, една за Лејтон по што ја завршил кариерата и се посветил на улогата на свештеник.
За времето како играч настапил на 27 натпревари за Северна Ирска.
„Имав прекрасен живот како фудбалер и јас бев многу привилегиран, но со сите околни работи открив дека на крајот имаше некаква празнина. Бев прилично шокиран – зошто не сум среќен кога имам се што сакаат младите мажи? Започнав патување кон повторно истражување на мојата вера, верата што ја имав како млад човек. Донесов одлука да се вратам дома една година и навистина во таа година сè се сврте наопаку“.
Во 2008 година се пензионирал и станал свештеник. Работи во Корк во Северна Ирска.
„Волонтирав во засолниште за бездомници некое време. Почнав да се враќам на миса и почнав повторно да се молам на редовна основа. Го најдов вистинското чувство на исполнетост со него. Фудбалот имаше огромни издигнувања и падови и тука беше нешто што ми даваше постојано чувство на задоволство. Мојот повик за свештенство и верски живот дојде подоцна во текот на таа година – ја почувствував оваа силна желба за овој начин на живот и останав со него неколку месеци, а потоа собрав храброст да го истражам и донесов одлука да продолжам како свештеник“.