Репрезентациите на Холандија и Португалија одиграа нерешено 33:33 во последното коло од групната фаза на ракометното ЕП 2024. Португалците со ова реми се најде во позиција да чека поволен исход од мечот меѓу Данска и Словенија. За да останат трети во групата треба Данска. која веќе се пласира во полуфиналето, да ја совлада Словенија.
Во финишот на мечот Португалците имаа водство од 33:31, но потоа Холанѓаните постигнаа два гола и извлекоа реми. Кај Холанѓаните најдобар беше Тен Велге со седум гола, а кај Португалците по осум гола постигнаа Фраде и Коста.
Холанѓаните втората фаза од групите ја заврши со еден бод.