Челзи со “шестка“ го поздрави Мидлсборо и се пласира во финалето на Лига Купот! (ВИДЕО)

139

Едноставно Челзи беше доминантен против Мидлсборо на свој терен и со 6:1 во реваншот од полуфиналето во Лига Купот на Англија успеа да победи, на првиот меч беше 0:1 за противникот, и со тоа да се пласира во завршниот меч. Финалето ќе се одигра при крајот на следниот месец и тоа на “Вембли“ во Лондон. Вториот финалист ќе го дознаеме утре кога во реванш меч играат Фулам и Ливерпул. Првиот меч “Редси“ го добија со 2:1.

Стрелци на головите беа Хоусон (автогол) во 15.минута за водство на “сините“, за да во 29.минута Фернандез зголеми на 2:0. Потоа се редеа головите на Дисаси и Палмер за 4:0 во првото полувреме.

Во продолжение од средбата на “Стамфорд Бриџ“, Палмер и Мадуеке стрелаа за 6:0 додека почесниот гол гостите го постигнаа преку Роџерс во 88.минута за конечни 6:1.

ПретходноАндреас Трајковски постави нов македонски рекорд во скок во далечина во сала! (ВИДЕО)
СледноАмериканците не се шегуваат: Леброн, Дурент, Кари, Ембид, Џорџ, Батлер, Ирвинг…на поширокиот список за ОИ во Париз! (ФОТО)