Шкупи одигра нерешено со унгарски Халадаш

320

Екипата на Шкупи одигра без голови на првиот подготвителен натпревар во тренинг кампот во Анталија, Турција. Шкупи ремизираше против унгарски Халадаш кој се натпреварува во втората лига во оваа земја.
Експедицијата на Шкупи останува во Анталија во 10 февруари. Следен противник на чаирчани е Карвина на 27 јануари кој е еден од најдобрите второлигашки клубови во Чешка. На 31 јануари Шкупи ќе игра со Рух од Полска, на 6 февруари против Оболон од Украина и на 9 февруари против Зарафшон од Узбекистан.

ПретходноРеал продолжи со Милитао и му стави неверојатна клаузула
СледноХоландија со реми си замина од ЕП, Португалците сега ќе навиваат за Данска