Италијанецот Јаник Синер со 3:0 во сетови успеа да го победи Андреј Рубљев во вториот четвртфинален меч на Австралија Опен и со тоа си закаже полуфинале со Новак Ѓоковиќ на првиот гренслем оваа година.
Јасно е дека тоа ќе биде спектакл во Мелбурн на задоволство на сите тениски фанови ширум светот. Овој меч се игра на 26 јануари со почеток од 02 часот по Средноевропско време.
Инаку Синер немаше проблеми со Рубљев. Првиот сет го доби со 6:4, во вториот се играше тајбрејк и Синер го доби со 7:5, а во третиот сет беше со 6:3.