Aстон Вила купи српски фудбалер од Звезда за 9 милиони евра

397

Англискиот премиерлигаш Астон Вила го претстави новото засилување, српскиот фудбалер Коста Недељковиќ кој доаѓа од Црвена Звезда и според информациите од островските и српските медиуми трансферот изнесува девет милиони евра.
Инаку Недељковиќ за Звезда одигра 26 натпревари во досегашниот дел од сезоната, а освен спомената сума српскиот шампион наводно договорил и 15% од потенцијалниот следен трансфер на фудбалерот.
А играчот оваа сезона ќе ја заврши во Црвена Звезда како позајмен фудбалер, а летоска ќе се врати во Бирмингем.

Претходно„Лавовите“ поразени од Радомље на пријателски меч
СледноСтруга ТЛ поведе па изгуби 1:5 од Оренбург