Нов македонски рекорд во сала во скок во далечина за Андреас Трајковски!
Вечерва на меѓународен атлетски митинг под капата на Светска Атлетика во Архус (Данска) нашиот Андреас Трајковски го собори македонскиот рекорд во скок во далечина во сала со резултат 7.67 метри со што го освои 2-то место. Претходниот македонски рекорд во сала изнесуваше 7.65 сантиметри, во сопственост исто на Андреас поставен во 2022 година.
Инаку македонскиот рекорд на отворено во скок во далечина, кој исто е во сопственост на Андреас изнесува 7.91 метар.
Честитки за Андреас!