Во групата 2 која се игра во Хамбург нема дилеми околу патниците во полуфиналето, таму местата ги заверија Данска и актуелниот првак, Шведска, но затоа пак има дилеми околу крајниот изглед на табелата, поточно кој ќе заврши на третото место. Во трката за оваа позиција се Словенија и Португалија, двете репрезентации имаат по четири бода.
Португалија во последното коло ќе се сретне со Холандија (15:30 часот). Репрезентацијата на Португалија ќе се обиде да се избори по втор пат за последниот викенд на едно ЕП по 2020 година кога го освои историското шесто место.
Словенија ќе има многу потешка задача бидејќи игра против селекцијата на Данска (18 часот) која нема ниту еден пораз. Но, за да се најде на третото место ќе мора да освои бод повеќе, поточно да се надева на реми на Португалија и секако да ја победи Данска. Доколку двата тима имаат еднаков број на бодови, тука со подобар скор е Португалија.
Во последниот меч од оваа група браниелот на тронот Шведска ќе игра против Норвешка (20:30 часот).