Данците се “чуваа“, Словенија победи и ќе игра за 5.место на ЕУРО 2024!

319

Конечно Данска е поразена и тоа во неважен меч ако се знае дека уште пред ова последно коло во групата светскиот првак го освои првото место и се најде во полуфиналето.

Словенија тоа го искористи и успеа да слави со 28:25 (17:14) со што го освоија третото место во групата и со тоа се здобија со право да играат за 5.место на ова ЕУРО 2024.

Уште пред да почне мечот се знаеше дека Данска ќе се „чува“, не играа неколкумина клучни играчи како Питлик, Гидсел и ова беше прв пораз на Данска по 16 победи во серија на големите натпреварувања од јануари 2022 година па наваму.

Најефикасен кај Словенците беше Хорзен со 6 голови, додека кај Данците забележителен настап имаше Јоргенсен исто со 6 голови.

ПретходноКаков шок за Ристовски и Адеми: Локомотива го декласира Динамо среде “Максимир“!
СледноУЕФА со казна за Македонија поради исвиркување на химната на Англија!