Лапорта за победата на Реал: Срамота!

521

Реал Мадрид губеше 2:0 на домашен терен од Алмерија, но до крајот успеа да направи пресврт и да победи. ВАР работеше неколку пати на овој натпревар, а гостите по мечот тврдеа дека биле ограбени од судиите.

После се, се огласи првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта.

„Срамота. Она што се случи на Бернабеу е срамота. Мислам дека колективот на судии мора да одговори на притисокот што го имаат судиитем поради кој судат многу лошо“, рече Лапорта и продолжи:

„Ако не одговорат, сите нè оставаат во лоша положба. Мораме да разбереме дека секој си ја работи својата работа.

Среќен сум што победивме, но немавме среќа бидејќи нашите конкуренти не беа поразени поради некои одлуки на судиите од ВАР-собата“, објасни Лапорта.

ПретходноРеал без Белингем на гостувањето кај Лас Палмас
СледноЛуда вечер – Ембид постигна 70 поени (ВИДЕО)