Нема да има пресметка Меси VS Роналдо: Мечот меѓу Интер Мајами и Ал Наср е откажан поради повредата на Португалецот!

286

Нема да има спектакл во Кина на 1 февруари како што се најавуваше и како што фудбалскиот свет очекуваше. Нема да има пријателски натпревар меѓу Ал Наср и Интер Мајами и тоа поради повредата на Кристијано Роналдо. По ова самиот натпревар е откажан.

Ова требаше да биде последен нивни меѓусебен дуел, ако се знае дека и двајцата веќе две децении беа најдобрите во светот.

И двајцата имаа свои многубројни фанови според нив Меси или Роналдо се нај, нај.

Којзнае кога ваква прилика ќе дочекаме и дали ќе дочекаме, да го видиме еден против друг Меси и Роналдо, како што некогаш ги гледавме кога двајцата играа во Европа, посебно кога ги носеа дресовите на Барса и Реал.

ПретходноЕмоции до небо: Додека дома им беснее војна, храбрата Палестина испиша историја! (ФОТО + ВИДЕО)
СледноАндреас Трајковски постави нов македонски рекорд во скок во далечина во сала! (ВИДЕО)