Промоција на Фитон Адеми како нов напаѓач на Шкендија

298

Шкендија ги засили своите редови со напаѓачот Фитон Адеми кој доаѓа од редовите на Беса, есенскиот шампион во ВМФЛ. Ова „СпортСпорт“ го најави пред два дена, сега е официјално потврдено од страна на тетовскиот клуб. Тој стави потпис на 2,5 годишен договор.

Адеми е дете на Шкендија, во 2021 направи трансфер во Струга ТЛ, потоа играше и за Воска, а во Беса дојде минатото лето и беше еден од најзаслужните за одличните игри и резултати со што стана и есенски шампион во ВМФЛ.

Со гордост се враќам во Шкендија, потпишувајќи професионален договор со клубот во кој почнав и пораснав. Ова е доказ дека ништо не е недостижно за младите фудбалери од фудбалската школа на Шкендија“, вели Фитон Адеми.

ПретходноЊукасл го откачи Баерн за Трипие
Следно„Лавовите“ поразени од Радомље на пријателски меч